Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Мерки за заштеда на вода

назад

 Намалување на загуби преку SCADA систем

Современиот начин на стопанисување со водоводните објекти и практичните искуства при експлоатација на истите, императивно го наметнуваат проблемот со воведувањето на централизиран мониторинг и управување со водоводните системи.

За ефикасно следење на состојбите во водоснабдителниот систем, неопходно е да се постават мерачи на проток и притисок во одредени точки за континуирано мерење.

Овој вид на следење овозможува аквизиција на податоците за протокот и притисокот во најкарактеристичните точки на системот. Податоците се трансферираат до центарот за мониторинг и контрола. Овој систем овозможува огромна заштеда на скапата вода за пиење.

Овој нов систем побарува работа на:

•  предпроекти за презонирање на водоводниот систем,

•  изградба на резервоарски простор, главни доводи и шахти за регулација на притисокот.

Реализацијата на ова обемно проектно решение во значителна мера го подобрува водоснабдувањето во регионот, техничките загуби на вода ги сведува на минимум, притисоците во водоснабдителните зони ги балансира до нормални дозволени граници, така што дефектите во примарната и секундарна мрежа се намалуваат до границите кои се вообичаени за ваков вид на објекти.

Имплементацијата на ваквиот систем дава можност за контрола и управување на потрошувачката на вода и во регионалниот водовод, каде праксата покажува дека водата ненаменски се троши.
Јавно претпријатие "Водовод" - Битола © 2011-2014 Сите права задржани